ИТНА РЕАКЦИЈА НА ВИЉАРЕАЛ

Како „потона" подморницата „Семедо“, вредна 14 милиони евра!? (ВИДЕО)

„Ужасно е она за што е обвинет"- велат од раководството на шпанскиот прволигаш за веста која ја добија од полицијата...

објавено: 24 февруари 2018 - 21:15

Рубен Семедо, одбранбениот игра на шпанскиот прволигаш Виљареали од пред некоја вечер е во притвор, без можност да плати кауција за „излез", а за обвинението за обид за убиство и киднапирање.

Поранешниот играч на лисабонски Спортинг, кој дојде на „Ел Мадригал" за сума од 14.милиони евра, нешто порано е виден во еден ноќен клуб во Валенсија како пука од пиштол, а во вториот одвоен инцидент како со шише удира во главата на еден од гостите во локалот.

Овојпат го пријавил еден човек кој тврди дека Семедо, со помош на пријателите го киднапирал со закана на пиштол.
Наводно, бил заробен во куќата на Семедо, дека пукале во вис, се со цел да го исплашат, а на крајот, му го земале клучот од куќата за да го ограбат.
Станува збор за човек со кој имал „недоразбирање" и пред неколку месеци, исто така во тој ноќен клуб.
После сето ова, раководството на Виљареал одлучи да го суспендира проблематичниот фудбалер..

„Иако ја почитуваме пресумпцијата на невиност, одлучивме да го суспендираме Семедо се додека овој случај не биде решен. Ова е ужасно, особено за злочинот за кој е обвинет" - објавија од клупското раководство на Виљареал.

Во текот на оваа сезона Семедо одигра само пет првенствени мечеви за популарната „жолта подморница".

 

Најново во Другата страна на спортот