ЕДНОСТАВНО ЗНААТ КАКО ТРЕБА

Како Салах ги изненади најмладите навивачи на Ливерпул? (Видео)

Египетскиот репрезентативец дефинитивно ја одбележи сезонава во европскиот фудбал, а сега покажа дека знае што треба да направи и надвор од теренот

објавено: 30 март 2018 - 10:25

Мохамед Салах дефинитивно ја има една од најубавите фудбалски приказни за оваа сезона во Европа. Египетскиот репрезентативец е најдобар стрелец на Ливерпул и е во битка за прв стрелец на стариот континент. Во 41 меч во сите натпреварувања даде 36 голови, а имаше и 12 асистенции. 

Со ваквите игри, стана еден од најомилените играчи кај навивачите на „Енфилд Роуд“. Дека Салах знае како да игра и надвор од теренот покажа на една скриена камера која се согласи да ја одработи, а имаше за цел да ги израдува најмладите навивачи на Ливерпул. 

Во Луверпул организираа лажен натпревар за деца коментатори, а најдобрите требаше да го запознаат Салах во живо. На крајот, на сите им се исполни желбата да го видат Салах.

 

Најново во Другата страна на спортот