СЕКОЈ НА СВОЈА СТРАНА

Како Вардарци го користат одморот: Борозан за женидба, Мораес е во Бразил, Дибиров во Дубаи

Вардарци веќе една недела го користат заслужениот одмор. Дел од ракометарите го искористија да тркнат до некое атрактивно туристичко место, дел да се видат со своите најблиски, а во центарот на вниманието е Вуко Борозан. Вардарецот пред да почне со подготовките со Црна Гора за Европското првенство одлучи да стави крај на ергенството, се ожени со долгогодишната девојка Ива. 

објавено: 18 декември 2017 - 10:30

Среќната вест Борозан ја сподели на својот „Инстаграм“ профил со фотографија од венчавката...

Што се однесува до останатите ракометари, Рожерио Мораес замина за Бразил, Тимур Дибиров заедно со својата сопруга Ирина уживаа во Дубаи, додека Раул Гонзалез и Давид Дејвис се во Шпанија. Останатите вардарци исто се вратија во своите родни места, дел уживаат во последните слободни денови, бидејќи наскоро започнуваат со подготовки за Европското првенство.

Најново во Другата страна на спортот