ИАКО ЗАГУБИ ВО ФИНАЛЕТО ВО ХОЛАНДИЈА

Карловиќ прв со 12.000 аса во историјата

Жил Милер го победи Иво Карловиќ во финалето во Ден Бош, меѓутоа Хрватот сруши еден неверојатен рекорд, откако со неговите 19 аса ја сруши границата од 12.000 аса во кариерата

објавено: 18 јуни 2017 - 19:50

38-годишниот Хрват станува првиот тенисер со неверојатни 12 илјади аса, речиси 2 илјади повеќе од својот сонародник Горан Иванишевиќ. Интересно, трет на листата е човек чија игра не се поврзува со силниот ас - Роџер Федерер.

ТОП 5 ТЕНИСЕРИ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ АСОВИ

1.Иво Карловиќ (Хрв) 12.003

2.Горан Иванишевиќ (Хрв) 10.131

3.Роџер Федерер (Шва) 9.940

4.Енди Родик (САД) 9.068

5.Џон Изнер (САД) 9.006

Најново во Другата страна на спортот