„ЉУБОВ НА ДАЛЕЧИНА", ТИПИЧНО АМЕРИКАНСКИ

Кеј-Ди сеуште копнее по Скарлет

Најкорисниот играч во НБА лигата признава дека и по толку поминати години, не може да ја извади од мислите прекрасната актерка Скарлет Јохансон...

објавено: 28 август 2017 - 10:30

Можеби е најдобар играч во НБА лигата, но се чини дека Кевин Дурент никако не може да ја пронајде љубовта на својот живот.

Далеку од тоа дека популарниот „Кеј-Ди" не се обидува да го реализира тоа. Но се чини дека има една голема „тежина".


Никако од своите мисли не може да ја извади прекрасната Скарлет Јохансон.
Пред шест години една од најголемите звезди на НБА јавно ја објави безусловната љубов кон познатата актерка, кога преку Твитер напиша дека „би пиел вода од нејзината соба за туширање".


Но оттгогаш се сменија многу нешта со 206. сантиметри високото крило. Па и неговиот премин во Оукленд во текот на минатото лето. Со „воините" дојде до шампионскиот прстен, беше МВП на финалето, но неговиот копнеж кон Скарлет остана истиот. Дури и кога знае дека таа е во сериозна врска со комичарот Колин Џост.

„Се надевам дека таа знае за ова... Изгледа далечно, и помалку чудно, но сеуште сум вљубен во Скарлет Јохансон. И нема да престанам да и се восхитувам"- кажа Дурент за она што го мачи на љубовен план во изминатите години.

Најново во Другата страна на спортот