ВОТКАТА ОДИ ВО „ВТОР ПЛАН"

ЌЕ ИМА ЛИ НОВ „РУСКИ ЗАКОН", со пиво на стадионите?

Почесниот претседател на фудбалскиот сојуз на Русија го подржува првиот човек на руската Премиер лига во предлогот да се дозволи продажба на пиво на стадионите...

објавено: 9 февруари 2018 - 10:30

Вјачеслав Колошков, кој е именуван за почесен претседател на Руската фудбалска федерација, не гледа никаков проблем ако некој сака да се напие некоја чаша пиво за време на еден фудбалски натпревар во руската Премиер Лига.

Од проста причина, како што објаснува, дека ако некој сака да се напие, тој ќе го направи тоа и без да конзумира пиво.

„Постои закон кој не се однесува само на фудбалот, туку на сите масовни спортски натпреварувања каде е забрането продажба на алкохолни пијалоци"- наведува Колошков.
„Малку е веројатно дека законот ќе се смени само за еден спорт. Да, сакаме фудбалот да биде исклучок, не гледам никакви проблеми по тоа прашање, да има пиво и да се продава на стадионите. Затоа што оние кои сакаат да се напијат, ќе го направат тоа на било кој начин. Оние кои не пијат вотка би биле среќни да можат да се напијат пиво.
Сум видел многу натпреварувања на кои се продавало пиво. Не за луѓето да се напијат, па да не знаат што да направат потоа. Но би го подржал Сергеј Пријадкин, првиот човек на Премиер Лигата, во предлогот да се дозволи продажба на пиво на нашите стадиони"- вели Колошков.

Најново во Другата страна на спортот