БОРБАТА ЗА ЖИВОТ ПРОДОЛЖУВА

Класниќ доби нов бубрег

Поранешниот хрватски репрезентативец и по трет пат се подвргна на трансплантација на бубрегот.

објавено: 18 октомври 2017 - 13:10

Иван Класниќ доби нов бубрег.

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, пред десет години дозна за дисфункционалноста на бубрезите. И од тогаш трае неговата животна борба.
Откако за прв пат беше опериран во 2007 година, телото го „исфрли" трансплантираниот бубрег кој го донираше неговата мајка, но затоа пак втората операција во која му беше вграден бубрегот на неговиот татко се покажа како успешна.
Потоа Класниќ се чувсtтвуваше добро, дури и продолжи со играњето на фудбал, но во последнава година, откако почна да откажува и вториот трансплантиран бубрег мора(ше), по три пати неделно да оди на дијализа.

Но се до вчера кога во една болница во Загреб, Класниќ не ја направи и третата трансплантација.
Засега не е познато кој е донорот. Но по претходните две операции во кои ги доби бубрезите од своите родители, неговиот организам создаде антитела против истите. Па затоа овојпат не можеше да добие нов орган од неговите најблиски.

 

Најново во Другата страна на спортот