ГАФ НА ГОДИНАТА НА БОЛИВИСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

КОГА ПРЕМНОГУ ИГРАШ „ФАНТАЗИ МЕНАЏЕР": Го викнаа во репрезентацијата на Боливија!?

Каде води сето ова, ова е крајно нереално...

објавено: 10 октомври 2017 - 12:29

На адресата на фудбалерот на Монпеље Рубен Агиљар стигна репрезентативен повик.

И тоа ни помалку ни повеќе, од Боливија.
Доволно за одличниот десен бек на францускиот прволигаш да се најде во чудо.
Јасно и поради што, ако се знае дека нема никакви „допирни точки" со Јужна Америка, затоа што татко му е Шпанец, мајка му пак Французинка, и е роден во Гренобл.

„Чудна ситуација. Ме повикаа телефонски, ми рекоа дека ме чекаат со ширум раширени раце. Дека го гледале мечот со ПСЖ,и дека се воодушевени од мојата игра. Тогаш добив и стотина пораки од навивачите на Боливија кои од мене очекуваат чуда" - раскажува овој фудбалер.

За што всушност станува збор?
Имено, бидејќи не му било јасно што е работата, фубалерот на Монпеље се распрашал во боливискиот фудбалски сојуз. Да биде уште поинтересно тие си ја „играле" познатата игра „Фантази менаџер", каде по грешка на Агиљар му било впишано двојно државјанство на Франција и на Боливија.
Веднаш алармираа другите федерации кои не сакаа да пропуштат прилика еден таков играч да заигра во една од најслабите репрезентации во Јужна Америка која за последен пат играше на Мундијалот во 1994 година.
Звучи навистина нверојатно, но ете се случуваат и такви рабти, особено кога пред повикот не се распрашале за ситуацијата.

Најново во Другата страна на спортот