СРБИТЕ СЕ ЖАЛАТ КАЈ ОРГАНИЗАТОРОТ

Кој ги забрани „шајкачите" и зошто?

На четворицата српски навивачи кои ги носеле популарните српски капи, не им бил дозволен пристап во Арената „Синан Ердем", па дуелот со Унгарија морале да го гледаат во некое кафуле, но со своите „задолжителни реквизити"

објавено: 11 септември 2017 - 13:49

Четири навивачи помалку имала селекцијата на Србија на средбата од осминафиналето од ЕП против Унгарија, која ја решија во своја корист (86:78).

Имено, организаторот на овој Евробаскет, не им дозволил на четворицата нивни навивачи кои со себе понеле традицонални српски обележја, во овој случај популарните, кај нашиот северен сосед, „шајкачи".

„Без оглед на тоа што на претходните четири средби на кои на овој начин им носевме среќа на српските репрезентацитвци, одлучивме вториот дел одпрвенството да го следиме од дома. На нашата репрезентација и посакуваме да ни го донесат златниот медал по кој отидовме во Турција. Сметаме дека е подобро завршницата да ја испратиме преку ТВ, но со 'шајкачи' на главата, затоа што мислиме дека тие се талија за нашите кошаркари се разбира 'шајкачите' ќе ги дочекаат и на аеродромот"- порачува најпознатата навивачка кошаркарска „четворка" од Чачак.

Најново во Другата страна на спортот