ДЕТАЛИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА

Колку е добро да си Нејмар: За насмевки добива 350.000, за молчење 2,5 милиони евра

Радио „Монте Карло" откри неколку бизарни детали.

објавено: 9 ноември 2018 - 14:53

Модерниот фудбал одамна ги мина границите на нормалното и очекуваното, се почесто сме сведови на бизарни и неверојатно работи и случувања. Последната информација е поврзана со детали со договорот на Нејмар и ПСЖ, кои предизвикаа контроверзии.

Радио „Монте Карло“ откри неколку бизарни детали. Ако мислевте дека Нејмар ги поздравува фановите на ПСЖ оти многу ги сака, сте згрешиле. Во неговиот договор има посебна клаузула, за поздравувањето на навивачите пред и по секој натпревар добива 375.000 евра, а додека пак за молчење односно некритикување на тренерот на францускиот првак на неговата сметка стигаат 2,5 милиони евра.

Најново во Другата страна на спортот