ТАКА Е КОГА НАМЕСТО СПОРТСКИ, ИМА НЕКОИ СЕКСУАЛНИ ФАНТАЗИИ

Коментираше колку е „жешка“ малолетната спортистка и доби отказ (Фото)

„На 28 април ќе наполни 18 години, а до тогаш одбројуваме. „Жешка“ е и опасна. Сега да имаше 18 години немаше да се двоумам да речам дека има феноменален задник“, рече радиоводителот Патрик Конор

објавено: 18 февруари 2018 - 14:14

Американската спортистка Чое Ким ги изненади сите кога на зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои златото во халфпип. Се работи за 17-годишна, која успеа кај еден радио водител да предизвика поинаков восхит од спортскиот.

„На 28 април ќе наполни 18 години, а до тогаш одбројуваме. „Жешка" е и опасна. Сега да имаше 18 години немаше да се двоумам да речам дека има феноменален задник", рече радиоводителот Патрик Конор за малолетната спортистка. 

Поради оваа своја изјава, водителот доби отказ од работното место. Подоцна тој сфати дека тоа што го направил е многу непрофесионално и се извини. 

„Моите коментари кон Чое Ким беа повеќе од непристојни, попрецизно кажано беа одвратни. Искрено се извинувам на Чое Ким, која сјајно нè преставуваше на Игрите во Кореја. Им се извинувам и на моите колеги и на слушателите, бидејќи излегов голем идиот“, рече подоцна Конор, откако сфати што направи со своите коментари, но тоа не му помогна да се спаси од отказ. 

Најново во Другата страна на спортот