ЕДНА ТРАГИЧНА СТОРИЈА КОЈА РЕТКО СЕ ПРЕЖИВУВА

Кошарката му даде се, а потоа му наплати! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Повеќе личи на некој неверојатен трилер, отколку спортска ситуација која беше видена пред единаесет години на еден кошаркарски натпревар...

објавено: 29 јуни 2017 - 17:00

Навистина, приказната е повеќе од неверојатна, говори за еден човек кој многу ја сакаше кошарката, и бараше да си „поигра" уште малку...

И наместо да биде така, прво „седна во инвалидска количка" а во таква состојба го затекна и смртта...
Слободан Јанковиќ, или поедноставно кажано „Бобан", ја започна својата кариера во 1980 година, или пред да наполни 17 години.
„Светлата на рефлекторите" во бившата ни држава беа насочени кон него и кон неговиот омилен клуб, Црвена Звезда.
Остана таму една деценија, пред „ветриштата на војната" во СФРЈ и Владимир Ѓуровиќ, неговиот тренер, го однесат малку појужно, во Атина.


Го облече дресот на Паниониос, со кој уште во првата година од престојот требаше да игра полуфинале на плеј-офот, и тоа против големиот Панатинаикос.
На осум минути пред крајот на четвртиот меч од серијата, во ситуација кога ПАО имаше (2-1), и една офанзивна акција во која требаше, и го помина Фрагискос Алвертис (сега спортски директор на зелено-белите"), по што, на општо изненадување, судијата Стелиос Кукулекидис (еден од најдобрите во Грција), му досуди лична грешка во напад.
Или петта за „Бобан", која дефинитивно го разбуди неговиот немирен карактер, инаетот и страста кон кошарката, му одземаа се...
Се залета, направи еден голем чекор, и удри со главата во кош-конструкцијата, секако разочаран од судиската одлука, неправдата кон него, и според него крајно неисправна одлука.
Падна на паркетот со искрварено лице... И повеќе никогаш не се исправи...


После тој за него судбински ден, 28 април, никој повеќе не можеше да ужива во неговите игри, и немерлива сила која ја презентираше долу на паркетот.
Беше изнесен на носилки од салата, а последната лекарска дијагноза беше посилна и од ударот во „Неа Смирни Арената" – непоправлива фрактура на третиот вратен пршлен на рбетниот столб.
На свои 29 години Јанковиќ ги загуби своите „крила", но не и желбата за живот. Наредните 13 години ги помина во инвалидска количка. Во меѓувреме го напушти сопругата, а многубројните операции не дадоа резултат каков што посакуваше.
Телото му се зголеми драстично, и се повеќе му пречеше на храброто срце на „Бобан" да чука нормално.
Но остана упорен и тврдоглав, но со гордост како цело Егејско море.
Почина на ферибот, на 28. јуни 2006 година, за време на едно од своите многубројни патувања до островот Родос.
Запаметен по многу работи кај неверојатните фанови, споменуван и кај оној „обичен народ", како „плаќач на сметките" на навивачите, дури и на оние кои ги сретнувал во кафеаните низ грчката престолнина.
И оваа трагична историја е многу поголема од едно обично сценарио за трилер, отколку на спорт, кое претвори една звезда во легенда.
Затоа што пред 11 години си замина еден човек кој сакаше да си игра кошарка, уште малку...

Сцените се вознемирувачки, и не се за луѓе со „слабо срце"...

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот