НЕ БИРАЛЕ ШТО ДА ОДНЕСАТ

Крадци го олесниле Пипен за два трактори и дополнителна фармерска опрема!?

Додека е на Флорида, каде работи како аналитичар на ЕСПН, Скоти Пипен беше шокиран со веста дека непознати сторители однеле добар дел од работите од неговата фарма во родниот Арканзас...

објавено: 20 април 2018 - 10:30

Полицијата во гратчето Ешли кое се наоѓа во државата Арканзас, соопшти дека од фармата која е во сопственост на легендарниот член на Чикаго Булс, Скоти Пипен, е украдена земјоделска машинерија вредна околу 50.000 долари.

Членот на „Куќата на на славните", засега на непознат начин, останал без неколку машини за обработка на земјата, меѓу нив и два трактори.
Инаку Скоти и неговиот брат се заеднички во овој бизнис, а семејството Пипен објавило дека секој кој има било каква информација поврзана со кражбата ќе го наградат со по 2.500 долари.
Пипен, кој е роден во еден друг град во Арканзас, Хамбург, сега е посветен на работата во ЕСПН каде ги анализира мечевите од плеј-офот во НБА лигата.

 

Најново во Другата страна на спортот