ХАОС ВО АРГЕНТИНА

Крампони во лице, полициски „гумени куршуми", стотина апсења (ВИДЕО)

Натпреварот во кој играа Лос Андес и Браун Адрогеа, во рамките на втората аргентинска лига протекна во знакот на навивачките нереди, но и прекршок „за затвор"...

објавено: 25 март 2018 - 17:05

Искусниот играч од средниот ред на гостинската екипа,Мартин Минадевино во 29.минута доби директен црвен картон откако онака „крвнички" стартуваше над Густаво Турако, капитенот на Лос Андес, и притоа му ја помести и раскрвари долната вилица.

Грдите слики беа и на трибините.

Навивачките групи на двете екипи влегоа во директен судир за време на натпреварот, а истиот премина брзо и во физичка присметка, и последично предизвикаа прекин на дуелот.
Ова нарушување на редот и на мирот, со пукање на гумени куршуми се обиде да го спречи специјалната аргентинска полиција. А до завршувањето на натпреварот, беа уапсени стотина навивачи. Инаку, со играч повеќе на теренот Лос Андес победи со (2:0).

 



Најново во Другата страна на спортот