ИМА ЛУЃЕ НА КОИ НЕ ИМ ДОАЃА ПАМЕТ

Криминалецот што се обиде да го убие Драгиша Биниќ, сакаше да разнесе зграда во Белград

Божидар Јовиќ е човекот кој денеска сакаше да разнесе зграда во главниот град на Србија. Тој е познат како криминалец од кој глава не може да кренат некои спортисти

објавено: 6 јануари 2018 - 20:16

Божидар Јовиќ (45) е познат како човекот кој се обиде да го убие некогашниот играч на Црвена Звезда, Драгиша Биниќ. Криминалецот познат „Божа билдер“ во 2004 година испали три куршуми кон Биниќ, но за среќа ниту еден не беше кобен. Биниќ е еден од играчите на Црвена Звезда кои може да се пофалат дека биле дел од легендарната генерација која во 1991 година стигна до европската титула. 

Поради нападот врз Биниќ, Јовиќ помина осум години во затвор, а само што излезе беше дел од бандата која го рекетираше некогашниот фудбалер Никола Виријевиќ. И по тој криминал, Јовиќ заврши во затвор. Сега, криминалецот повторно се најде во центарот на вниманието, откако сакаше во воздух да крене една зграда во Белград. 

За среќа и оваа луда идеја на криминалецот заврши неуспешно, а потоа се предаде на полицијата. 

Најново во Другата страна на спортот