„НЕБЕСНО-СИНИТЕ" ИМААТ СЕРИОЗНИ ПРОЛЕМИ СО НАВИВАЧИТЕ

Лацио казнет поради нацистите и „Ана Франк"

Поради еден неверојатно ужасен потег, римскиот клуб ќе мора да плати казна од 50.000 евра за среќа по нив, не и дополнителни два натпревари без присуство на публика.

објавено: 25 јануари 2018 - 22:30

Еден ужасен гест на навивачите на Лацио кога на мечот со Каљари лепеа „специјални" лепенки со ликот на Ана Франк во дресот на Рома на трибините на која се сместени најжестоките приврзаници на „волчицата" доби епилог.

Државниот тужител побара од Фудбалската федерација на Италија да ги казни „небеско-сините" со два меча пред празни трибини на „Олимпико", како и парична казна од 50.000 евра,
Сепак, одлучено е Лацио да остане без тие 50.000 евра, но не и да игра без присуство на публика.
Навивачите на Лацио, познати по ултрадесничарски, фашистичко-нацистичките ставови, кон крајот на октомври, минатата година ја искористија приликата и „гостувањето" на „непријателската" трибина на „Олимпико", ја претворат во подиум за антисемитски пораки, и навредување на еврејското девојче од Втората светска војна.
Гест кој го осуди цела Европа, затоа што пораката на „навивачите" на Лацио треба да има навредлива нота:
„Навивачите на Рома се Евреи".

Не за долго, клубот се огради од ова однесување на своите симпатизери, па на дуелот со Болоња, играчите се појавија со маици на кои стоеше натписот „Сите ние сме Ана Франк".
Покрај тоа, првиот човек на клубот, Клаудио Лотито иницираше, а управата го прифати предлогот секоја година по 200 млади навивачи, на сметка на клубот, заминат на посета на злогласниот нацистички логор од Втората светска војна – Аушвиц, како би се образувале повеќе по тоа прашање.
Лотито наведе дека во секое друштво „постојат лоши јаболка", и дека не е во можност да одреди по еден редар за секој навивач присутен на „Олимпико".

„Се дистанцираме од било каков облик на ксенофобија и антисемитизам. Огромното мнозинство на навивачи на Лацио го дели нашето мислење. Имаме многу акции како овие инциденти ги намалиме"- рече Лотито после посета на една синагога во Рим.

Најново во Другата страна на спортот