АВСТРИСКИОТ ШЕФ НА МЕРЦЕДЕС СО НОВ „БИСЕР“

Лауда: Големите пари го „излажаа“ Алонсо

Трикратниот Ф1 шампион, а сега не-извршен директор на Мерцедес, Ники Лауда вели дека нема многу симпатии кон ситуацијата на Фернандо Алонсо

објавено: 28 август 2017 - 22:20

Неодамна, Нико Розберг и Марк Вебер изјавија дека им е жал за Шпанецот, кој се мачи со неконкурентниот болид на Мекларен-Хонда од 2015 година, наместо да се трка со најдобрите. Но, Лауда не мисли така.

„Немам совет за Фернандо. Тој е таму бидејќи сакаше да заработи многу пари во Мекларен. Тоа е тоа“, изјави Лауда.

Најново во Другата страна на спортот