ЈАМАЈЧАНЕЦОТ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ СО ПОЧЕСТА

Лауреус наградите за Болт и Бајлс

Јамајчанскиот спринтер Јусеин Болт и американската гимнастичарка Сајмон Бајлс се добитници на Лауреус наградата за најдобар спортист на 2016 по гала-вечерата во Монако

објавено: 14 февруари 2017 - 21:51

Болт, осумкратниот олимписки шампион, по третпат победи на 100 метри, 200 метри и како дел од јамајчанската штафета 4х100 метри на Олимпијадата во Рио, каде што блесна и Бајлс, која освои четири олимписки злата и една бронза доминирајќи во гимнастиката.

„Благодарам на Лауреус спортската академија за мојата четврта награда за најдобар спортист. Благодарност до сите мои фанови“, изјави Јусеин Болт.

За тим на годината е прогласен Чикаго Кабс, американскиот безбол тим кој ја скрши „клетвата“ и стигна до титула од Светската серија првпат од 1903 година. Мајкл Фелпс, најуспешниот олимпиец на сите времиња доби награда за кам-бек на годината, откако лани се прости со нови злата од Олимпијадата во Рио.

Англиските шампиони Лестер сити ја освоија наградата „дух на спортот“ за својот неверојатен успех минатата година, додека веќе пензионираниот Ф1 шампион, Нико Розберг стана добитник на наградата за „пробив“ на годината.

Олимпискиот тим на бегалците, кој првпат настапуваше лани во Рио, ја доби наградата „спортот за добро“.

Најново во Другата страна на спортот