ТЕШКА МЛАДОСТ ИМАЛА ЛЕГЕНДАРНАТА „ЕДИНИЦА" НА „ЦРВЕНИТЕ"

ЛЕГЕНДАТА НА ЛИВЕРПУЛ ПРИЗНАВА: Морав и да убивам!

Еден од најтрофејните фудбалери на Ливерпул и икона на „Редс", Брус Гробелар, кој со клубот од „Енфилд" ги проживеа најубавите, но и најтешките моменти во историјата, открива шокантни детали од младоста...

објавено: 23 септември 2018 - 16:00

На голот на Ливерпул Брус Гробелар помина цели 13.години (1982-1994 година), и за тоа време освои шест шампионски титули во Англија, една титула на првак на Европа, три ФА Купа и исто толку Лига купови на Англија.

Како голман на „црвените", Гробелар сведочеше на катастрофите на Хејсел и на Хилсборо. Но сега се дознава и тоа дека пред да ги види оние масовни сцени на умирање на трибините, бил дел од бруталната војна во која и сам, иако неволно, дал свој придонес во бројот на мртвите.
Драмата на голманот, роден во Јужна Африка, почнала во 1978 година, кога имал само 21.година.
Тогаш во Родезија, меѓународно непризнатата африканска држава со расистичка бела влада, бил регрутиран поради служење на воениот рок. Наместо во униформата да помине 11 месеци, ја носел две години, до крајот на војната во која црните герили се бореле за крај на онаа малцинска „бела власт".

"Бев извидник кој одеше длабоко во непријателската позадина. За време на војувањето видов три мои пријатели како гинат, но и самиот бев присилен да убивам. Страшните спомени на тоа време повеќе не ме прогонуваат, но и денеска понекогаш се будам на сред ноќ облиен со ладна пот, и мачен со тие чувства"- се исповеда Гробелар.

Признава дека фудбалот му го „спасил животот", и го спречил до крајот на животот да не потоне во депресија и фрустрација откако смрта и војната ја одбележиле неговата младост.

"Сешто доживеав како голман. Ме гаѓаа со ножеви, стрелки за пикадо, кугли за билијард, наострени париќки, компири кои во себе имаа забодени жилети..."- се присети Брус.

Јасно е зошто голманот познат по своето провокативно однесување на сето тоа реагирал со насмевка.
Пред тоа убивал во немилосрдна војна во која загинаа повеќе од 20.000 луѓе.

Најново во Другата страна на спортот