СПОРЕД ИЗБОРОТ НА ПОРТАЛОТ „ULTRAS WORLD"

Легија ја има најдобрата навивачка група во светот

Навивачката група на клубот од Варшава е прогласена за најдобра за 2017 година, на второ место се „делиите" на Црвена Ѕвезда

објавено: 6 мај 2018 - 13:00

Легија Варшава, еден од најголемите клубови во Полска, ја има најдобрата навивачка група во светот за 2017 година. Односно специјализираниот портал „ULTRAS WORLD" ја прогласи, во силна конкуренција, за најдобра.

Како што се објаснува многу фактори влијаат за да се биде најдобар, како бројноста, акциите, и секако кореографијата. Па така очекувано е навивачката група на Легија, која важи и за една од најопасните во светот, да биде избрана за најдобра.
На второто место се „делиите" на Црвена Ѕвезда, додека на трето пак оние на Атлетико Национал од Колумбија.

ТАБЕЛА
1.ЛЕГИЈА ВАРШАВА (Полска)
2.ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (Србија)
3.АТЛЕТИКО НАЦИОНАЛ (Колумбија)
4.ИТИХАД ТАНЏЕР (Мароко)
5.ЗЕНИТ (Русија)
6. АИК (Шведска)
7.ХАМАРБИ (Шведска)
8.СЕНТ ЕТЈЕН (Франција)
9.ЛЕХ ПОЗНАЊ (Полска)
10.РОСАРИО ЦЕНТРАЛ (Аргентина)

Најново во Другата страна на спортот