„МЕНАЏЕРОТ" НА ПОЛСКИОТ ГОЛГЕТЕР СО ПОРАКА ДО БАВАРЦИТЕ

ЛЕВАНДОВСКА: Роберт ќе се пензионира во Америка

Сопругата на голгетерот на Баерн откри каде нејзиниот партнер би можел да ја заврши професионалната кариера...

објавено: 27 ноември 2017 - 10:45

„Се надеваме дека Роберт ќе ја заврши кариерата во некој клуб од Лос Анџелес. И сега би можеле да кажеме дека тоа е некој наш сон".

Вака некако најавува госпоѓа Левандовска, околу иднината на својот славен сопруг, и актуелен играч на минхенски Баерн.
Причините за заминување во САД се помалку спортски, а многу повеќе работни.

Полската двојка сака да базира, силна, солидна и стабилна марка под името „Левандовски". А женскиот дел важи за фитнес инстурктори, нуклтриционист и блогер, кој има фирма која се занимава со продажба на здрави намирници.

„Верувам дека ќе поминеме некое време во САД. Сонуваме за ЛА, Таму сакаме да го развиеме својот бренд“- истакнува Левандовска, која во ова прилика и ги појаснува причините за еден таков потег.

„Секогаш готвев за Роберт, му подготвував храна која тој ја носеше на тренинзите и на натпреварите. Со текот на времето тоа се разви во масовна продукција на чоколатца за целата екипа на Баерн. Баштјан Швајнштајгер еднаш го украде скоро целиот колач кој го направив за својот сопруг" – се потсетува оваа поранешна каратистка.

Сепак, реализацијата на нивниот сон и не е така блиску ако се знае дека договорот на 29. годишниот фудбалер со клубот од Минхен истекнува дури во 2021 година.
Инаку единствениот клуб кој функционира на територијата на Лос Анџелес, а е дел од МЛС лигата, е ЛА Галакси.

Најново во Другата страна на спортот