ЈА „ПРОШИРИ“ ИЗЈАВАТА ПО ЦЕЛИ 28 ГОДИНИ...

ЛИНЕКЕР ЗА ГЕРМАНЦИТЕ. Позната изјава, дел втори!

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер уште во 1990 година со една прочуена изјава објасни дека „фудбалот е едноставна игра во која играа 22. луѓе, ја бркаат топката 90. минути, а на крајот секогаш победуваат Германците"...

објавено: 24 јуни 2018 - 11:22

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер уште во 1990 година со една прочуена изјава објасни дека „фудбалот е едноставна игра во која играа 22. луѓе, ја бркаат топката 90. минути, а на крајот секогаш победуваат Германците"...

Линекер се јави и во саботата навечер, односно 28.години потоа, откако Германија ја победи Шведска во второто коло од Мундијалот во Русија. И тоа со оној прекрасен гол на Тони Крос во 95.минута од играта.


„Фудбалот е едноставна игра во која 22 луѓе ја бркаат топката 82.минути, тогаш Германците добиваат црвен картон, па потоа 21.човек ја брка топката уште 13.минути и тогаш, некако на крајот Германците стигнуваат до е*ената победа" - напиша Линекер на својот Твитер налог.

Најново во Другата страна на спортот