УШТЕ ЕДEН ДОКАЗ ДЕКА СПОРТОТ НЕ ПРИЗНАВА БАРИЕРИ

Лизгачи од Северна ќе се појават на Олимпијадата во Јужна Кореја?!

Двојката во уметничко лизгање од Северна Кореја многу веројатно ќе се појави на натпреварувањето во Пјончанг, јавува АП преку јапонски извори.

објавено: 6 јануари 2018 - 14:00

Звучи помалку и сензационално, но е многу блиску да биде и вистинита веста дека Северна Кореја ќе има свои претставници на претстојните Зимски Олимписки игри, кои ќе се одржат во Јужна Кореја.

Според извештаи на медумите, пред се на АП, претставникот на Северна Кореја во Меѓународниот олимписки комитет, Чанг Ун, на новинарите присутни на аеродромот во Пекинг, им рекол дека нивната двојка во уметничко лизгање која се квалификувала за Олимпијадата, најверојатно ќе се појави во Пјончанг.
Чанг Ун е на пат за Швајцарија каде треба да се сретне со претставниците на ИОК, и да дискутира токму за овој момент.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во новогодишниот говор изразил намера да испрати делегација на Олимпијадата во Јужна Кореја, па ова би требало да биде само една официјална потврда.
Дека Олимпијадата ќе ги „спои" макар и за кратко, Северна и Јужна Кореја, дури и кога станува збор за уметничко лизгање.

Најново во Другата страна на спортот