ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА БЕКОТ НА РЕАЛ МАДРИД

Љуљ не е заборавен

Соиграчите од „црвената фурија" дојдоа во посета и му посакаа брз враќање на теренот.

објавено: 16 август 2017 - 16:30

Серхио Љуљ не е заборавен, напротив...

Иако пред десетина дена заработи тешка повреда на предните вркстени лигаменти на десното колено, по што беше итно опериран, бекот на Реал Мадрид, деновиве доби посебна подршка.
И тоа од комплетниот играчки и стручен тим на селекцијата на Шпанија чиј дел требаше да биде и на претстојниот Евробаскет.
Без Љуљ во тимот „црвената фурија" ќе има мошне тешка задача да ја одбрани титултата освоена пред две години во францускиот Лил.
Првенството почнува на последниот ден од август, а бранителот на пехарот е во група со Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Шешка и домаќинот на групата во Клуж, Романија.

Најново во Другата страна на спортот