АНГЛИСКИОТ ВТОРОЛИГАШ ДОБИ ПОДДРШКА

Лук Скајвокер навива за Вулверхемптон?

Англискиот второлигаш Вулверхемптон Вондерерс го доби вториот најславен навивач во ликот на Марк Хемил, славниот актер од филмовите „Војни на ѕвездите"

објавено: 10 септември 2017 - 22:20

Прв и најпознат навивач на „Вулфс“ останува Роберт Плант, фронтменот на легендарните „Лед Цепелин“, но сега му се придружува и Американецот Хемил, кој и самиот признава дека не знаел дека тимот постои до пред неколку денови.

Сè започна кога Хемил „лајкна“ еден твит од навивач на Вулверхемптон, мислејќи дека се зборува за вистински волци, инаку негово омилено животно. 65-годишниот актер веднаш ја забележа грешката, но наместо да се повлече со извинување, најави дека ќе биде остар поддржувач на тимот од Вест Мидландс.

„Сега сум навивач. Не слушнав за нив до пред два дена, но сега сум дел од семејството. Нема враќање“, напиша Хемил.

Најново во Другата страна на спортот