СРБИНОТ Е СКРОМЕН, НО НЕ И ЕВРОПЕЈЦИТЕ

Лукаку и Погба со „Ролс Ројс", а Матиќ со „Мини купер" на тренинг (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ е верен на шведските автомобили и се вози со „Волво", додека пак најновата фаца во „Керингтон центарот", Алексис Санчез одбра „Бентли"...

објавено: 8 февруари 2018 - 19:32

Британскиот „Дејли Мејл" стигна да ги фотографира првотимците на Манчестер Јунајтед клако доаѓаат во тренинг-кампот на „црвените ѓаволи", и секако од тоа направи приказна, кој каков автомобил во овој момент има на користење.

Во прашање се навистина најразлични модели, и пред се доста скапоцени, што не е никакво изненадување.
Но сепак, некако во преден план, англичаните ја истакнуваат онаа скромна црта која е видлива кај српскиот интернационалец, Немања Матиќ.

Имено, еден од столбовите на играта на Јунајтед одбрал на тренинзите да доаѓа со едно би се рекло градско возило, какво што дефинитивно е Мини-Купер од моделот „кантримен", кое во просек чини околу 25.000 фунти.


Или десет пати помалку во однос на „ламјите" кои ги возат на пример Ромело Лукаку или пак Пол Погба.
И двајцата црномурести фудбалери ја преферираат марката „Ролс Ројс" една од најскапите во светот на автомобилите. Во овој случај, автомобили вредни повеќе од 250.000 фунти.

Ништо помалку не е вредно ниту „Бентлито" (модел Континентал) со кое на тренинг доаѓа најновото играчко засилување на „црвените ѓаволи", Алексис Санчез.

Додека пак верен на традицијата, онаа шведската, Златан Ибрахимовиќ избра една „СВ" верзија на „Волво", најпознатиот атвомобилски бренд во Скандинавија.

Најново во Другата страна на спортот