ИМА УБАВА „БОЛНИЦА" НА РАСПОЛАГАЊЕ

ЛУКСУЗ ОД КОЈ БОЛИ ГЛАВА: Конор доби невиден ќотек, ама ќе ги лечи раните во невиден рај (ФОТО)

Во наредниот период Ирецот ќе престојува во својата скапоцена вила во комплек вреден цели 17.милони евра, и ќе собира сили за реваншот, кој го најави непосредно после поразот од Нурмагомедов.

објавено: 8 октомври 2018 - 16:30

Ирскиот ММА Борец Конор Мекгрегор во „борбата на векот" пред две вечери во Лас Вегас, доби сериозен ќотек пд Хабиб Нурмагомедов, па се реши да ги залечи раните во својата скапоцена вила која ја купи во текот на летото.

Се наоѓа во еден предизвикувачки комплекс во Марбеља чија вредност се проценува на 17.милиони евра. Внатрешноста на вилата е спектакуларна. Специјално пе дизајнирана како би се прилагодила на разни стилови на живеење на купците. Има лифт, вински подрум, базен, маса за билијард, како и сета останата „паметна технологија".

Покрај Мекгрегор, вили во овој луксузен комплекс на едно од најубавите летувалишта на шпанскиот брег купиле и поранешнито голман на репрезентацијата на Данска, Томас Соренсен, потоа актуелниот тренер на Голден Стејт, Стив Кер, како и фудбалерот на Тотенхем, Хари Винкс, кој е и заштитно лице на целиот комплекс.

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот