ШКОТЛАНЃАНЕЦОТ НЕ ПЛАНИРА ДА ЖИВЕЕ ВО САД

Мареј го продаде домот во Мајами

Енди Мареј го продаде домот во Мајами, која ја користеше како база за тренинг во САД

објавено: 1 август 2017 - 22:50

Мареј ја купи куќата со четири спални во 2008 година, и постојано беше таму кога се подготвуваше за американската тениска сезона. Шкотланѓанецот се обидуваше да го продаде станот од 2015 година, пред да го продаде за пониска цена - 2.4 милиони долари.

Мареј живее во Сареј, Англија со својата сопруга Ким и едногодишната ќерка Софија. Тој нема играно од поразот во четврт-финалето на Вимблдон и се мачи со повреда на колкот.

Најново во Другата страна на спортот