ТЕНИСЕРИ И ФУДБАЛЕРИ МЕЃУ НОМИНИРАНИТЕ

Мареј против Болт и Роналдо за Лауреус наградата

Светскиот рекет број 1 Енди Мареј ги предводи тенисерите во номинираните за спортските „оскари", Лауреус спортските награди

објавено: 11 јануари 2017 - 19:30

Мареј, кој минатата година стигна до две гренд слем титули и до одбрана на олимписката титула е во конкуренција на најбрзиот човек на светот, Јамајчанецот Јусеин Болт, кошаркарите Стивен Кари и Леброн Џејмс и фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Анџелике Кербер, тенисерката која ја симна Серена Вилијамс од тронот. се бори со три Американки: гимнастичарката Сајмон Бајлс, атлетичарката Елисон Феликс и пливачката Кејти Ледецки, со двократната олимписка спринтерска шампионка, Јамајчанката Илејн Томпсон и со британската велосиедистка Лора Кени.

Трет номиниран тенисер е Хуан Мартин дел Потро, освојувачот на Дејвис купот со Аргентина, кој е во категоријата за најдобар кам-бек во 2016 со шпанската атлетичарка Рути Беитија, пливачот Мајкл Фелпс и скијачот Аксел Лунд Свиндал.

Формула 1 шампионите Мерцедес се трета година номинирани за тим на годината заедно со три фудбалски тима - Португалија, Реал Мадрид и Бразил (олимписките шампиони). Нивниот шампион Нико Розберг (веќе пензиониран) е во категоријата за „пробив на годината“ со олимписките рекордери Алмаз Ајана и Вејд ван Никерк и три тима - Лестер, Исланд и Фиџи.

Победниците ќе бидат објавени во Монако на 14 февруари

 

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА

Јусеин Болт

Стивен Кари

Мо Фара

Леброн Џејмс

Енди Мареј

Кристијано Роналдо


СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА

Сајмон Бајлс

Елисон Феликс

Анџелике Кербер

Кејти Ледецки

Илејн Томпсон

Лора Кени

 

ТИМ НА ГОДИНАТА

Бразил, олимписки фудбалски тим

Кливленд кавс

Чикаго кабс

Мерцедес Ф1 тим

Португалија, фудбалски тим

Реал Мадрид

 

ПРОБИВ НА ГОДИНАТА

Алмаз Ајана

Фиџи, рагби севенс тим

Исланд, фудбалски тим

Лестер

Нико Розберг

Вејд ван Никерк

 

КАМ-БЕК НА ГОДИНАТА

Рут Беитија

Мајкл Фелпс

Хуан Мартин дел Потро

Фабиен Сент Луис

Ник Скелтон

Аксел Лунд Свиндал

Најново во Другата страна на спортот