ВО НЕДЕЛА ПОЧНУВА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ЗА 2016

Мареј со својот трофеј пред АТП-финалето

Енди Мареј доби посебен трофеј за освојувањето на првото место на АТП-листата пред АТП-финалето во Лондон, завршниот турнир за осумте најдобри тенисери во 2016 година

објавено: 11 ноември 2016 - 16:20

29-годишниот Шкотланѓанец стана првиот Британец кој стигнал до првото место на АТП-листата по победата на Мастерсот во Париз и уживаше во гала-вечерта на „Кати Сарк“ бродот во Лондон.

„Рејтингот никогаш не лаже. Тој победуваше многу оваа година, најмногу од сите, така што го заслужува првото место“, вели неговиот ривал, Стен Вавринка. 

Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка, Милош Раонич, Кеи Нишикори, Гаел Монфис, Марин Чилиќ и Доминик Тим ќе се обидат да го победата Мареј во Лондон. Новак Ѓоковиќ со шеста победа на АТП-финалето може да го врати првото место.

Најново во Другата страна на спортот