ДАЛИ Е МОЖЕН МЕГА-ДУЕЛ?

Мејведер веќе не е пензиониран, го чека Мекгрегор

Флојд Мејведер вели дека веќе „официјално не ее во пензија" за да влезе во рингот со УФЦ шампионот, Конор Мекгрегор

објавено: 12 март 2017 - 17:18

Дуел меѓу шампионот во пет тежински категории во боксот, Мејведер и најголемата УФЦ ѕвезда Мекгрегор е мета на шпекулации долго време, а 40-годишниот Американец најави дека би се вратил во рингот само за дуел со Ирецот, за сега да додаде дека тоа навистина може да се случи.

„Официјално веќе не сум во пензија. Само за Конор Мекгрегор. Ако навистина го сака тоа, и е тоа за што се фали нека потпише“, изјави Мејведер.

Мекгрегор веќе доби боксерска лиценца во Калифорнија, со што ќе може да боксува во американската држава, но 28-годишниот Ирец уште има договор со УФЦ.

Мејведер се повлече од боксот во септември 2015 со 49-0 скор, а оттогаш Мекгрегор стана шампион во две категории во УФЦ во ноември кога го победи Еди Алварез.

Најново во Другата страна на спортот