АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ

„Мекдоналдс“ предвреме се откажува од Олимпијадата

„Мекдоналдс" и Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) го завршуваат своето долго партнерство три години предвреме

објавено: 16 јуни 2017 - 21:00

Компанијата за фаст-фуд е спонзор на Олимпијадите од 1976 година, но сега објави дека „ги разгледува сите аспекти од олимпискиот план“ со цел да го „обнови“ својот бизнис.

„Ние разбираме дека ’Мекдоналдс’ се обидува да се фокусира на поинакви бизнис-приоритети. Затоа, се согласивме да се разделиме“, се вели во соопштението на иОЦ.

Како „топ партнер“ на ИОЦ, „Мекдоналдс“ плаќаше околу 100 милиони долари за секој договор за две Олимпијади (летна и зимска), вклучувајќи ја и ЛОИ 2020. „Мекдоналдс“ ќе продолжи да биде спонзор на Зимската олимпијада во Пјеонгчанг, Јужна Кореја во 2018.

Најново во Другата страна на спортот