КАКО МОТИВ ЗА НА МУНДИЈАЛОТ

Мексиканците оргијале со 30 проститутки пред патот за Русија

Има и снимки кои потврдуваат за „лудата“ ноќ која ја поминале фудбалерите

објавено: 6 јуни 2018 - 14:00

Девет мексикански фудбалски репрезентативци кои ќе бидат дел од составот на Мундијалот во Русија, се фатени како се забавуваат, пред заминувањето на селекцијата на планетарниот собир. 

Во придружба на фудбалерите биле и околу 30-тина проститутки, кои им ја направиле ноќта да им биде „луда и незаборавна“. Журката била вечерта по контролниот меч на Мексико против Шкотска. 

И покрај овој скандал, фудбалерите нема да бидат казнети, бидејќи „не пропуштиле ниту еден тренинг“ и дека тоа се случувало „во слободното време“ за фудбалерите.

„Кога е ден одмор, тоа е ден одмор за сите и секој има право да го помине како што сака“, е објаснувањето од челниците на фудбалската федерација на Мексико. 

Мексиканската репрезентација моментно е на подготовки во Копенхаген, каде в сабота ќе играат пријателски дуел против Данска. На Светското првенство, Мексико е во група со Германија, Јужна Кореја и Шведска. 

 

Најново во Другата страна на спортот