ШВАЈЦАРЕЦОТ СО ПОИНАКОВ ПРИСТАП КОН НУТРИТИВНИТЕ НАВИКИ

МЕНИТО НА ФЕДЕРЕР: Вафли, тестенини, слатки...

Освојувачот на 20 Грен слем титули влезе во тенискиот пантеон, и со не така стриктна нтрутивна исхрана. Слично како други големи спортисти, Мајкл Фелпс, или Усеин Болт, и Роџер Федере е миленик на храната која обично ја конзумира и едeн обичен „смртник".

објавено: 1 мај 2018 - 11:30

Роџер Федерер е веројатно еден, ако не и најдобриот тенисер на светот на сите времиња. Со години наназад, Швајцарецот претставува олицетворение на врвен професионалец што се гледа и на теренот.
Освојувачот на 20 Грен слем титули влезе во тенискиот пантеон, и со не така стриктна нутритивна исхрана.
Слично како други големи спортисти, како на пример, Мајкл Фелпс, или Усеин Болт, и Роџер Федерер е миленик на храната која обично ја конзумира и едeн обичен „смртник".

"Сакам италијански, јапонски и индијски ресторанти. Во текот на зимата сакам да јадам фонди и раклет. Два часа пред секој меч, јадам по еден тањир тестенини со лесен прелив. И не го правам тоа зато што сум дел од некоја кампања за тестенини. Го правам тоа веќе 20. години"- го открива швајцарскиот тенисер менито со кое ги задоволува потребите на организмот прилагодени за врвен спорт.

Денот, освен цеден сок од портокал и мала шоља кафе, го заполнува со еден тањир на житарици и овошје прелиен со јогурт. Понекогаш пак за доручек се определува за вафли со џем или со мед.

За ручекот доминираат тестенините, меѓу-оброците, пред и за време на тренингот се во знак на протеински плочки и банани. Кога не е во тренажен процес, пред некој турнир вечерите се во семејна атмосфера, во некој ресторант.
Иако важи за осведочен гурман, и љубител на сирењето, според сопственото признание значително го намали внесот на животинско месо, како и млечните продукти во однос на почетокот на кариерата.
A nе бега од тоа дека понекогаш знае да се задоволи и со одредени количини на слатки

Најново во Другата страна на спортот