ПО ПОЛА ВЕК ЧЕКАЊЕ, ОТВОРЕН МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР

Минхен не ги заборавил жртвите од 1972! (ВИДЕО)

Во знак на сеќавање на жртвите на масакрот кој се случи за време на Олимписките игри во баварската престолнина, Германија сака да се оддолжи на посебен начин...

објавено: 7 септември 2017 - 14:30

Минхен не заборава, никогаш... особено не она што се случи во далечната 1972 година кога припадници на палестинската терористичка организација „Црн септември" земаа заложници, спортисти и тренери од Израел, а таа заложничка криза заврши со интервенција на германската полиција. Во пресметката настрадаа 11. Израелци, еден полицаец, како и пет членови на таа терористичка организација.

Трагедија која ја потресе целата светска јавност, и се до денешен ден, во Минхен, каде се случи масакрот, нема пригодно обележје за тој немил настан, како потсетник на сите оние невини жртви кои беа загубени за време на Олимпијадата во таа 1972 година.

Роднините на настраданите долго време водеа кампања за тоа, и најпосле усепаја во тие настојувања. Со присуство на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, и преседателот на Израел Реувен Ривлин, во Минхен беше отворен Меморијален центар.

„Олимписките игри во Минхен, станаа крвава Олимпијада. Поминаа 45 години откако официјалната израелска делегација дојде тука. Роднините и Израел го чекаа овој момент половина век" - истакна Ривлин.

Семејствата на жртвите од минхенскиот масакр, со години бараат од меѓународниот олимпски комитет, во знак на сеќавање на тој црн момент при отворањето на Олимписките игри, да се одржува минута молчење, Но тие молби и барања не беа прифатени од страна на ИОК.

 

Најново во Другата страна на спортот