„Специјална Олимпијада Македонија" го реализира проектот

„Младите атлети" се тие кои ќе ја водат инклузијата во Македонија

„Неопходно е да се отвориме кон овие лица и да ги охрабриме да се вклучат во сите сфери на живеење, а спортот е една од можностите кои ние ги нудиме. Инклузијата почнува од најмалите години. „Младите атлети" се тие кои ќе ја водат инклузијата во Македонија "– посака Ана Петровска, Национален директор на „Специјална олимпијада Македонија".

објавено: 18 јуни 2017 - 18:30

„Специјална Олимпијада Македонија" ја реализира презентацијата на програмата „Млади атлети", на која беа презентирани придобивките за децата со и без интелектуална попреченост, преку демонстрација на стекнатите искуства на групите од Скопје и Тетово каде оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци.

„Општеството кое не ги согледува можностите на лицата со попреченост, само ги создава пречките и ги стимулира предрасудите. Токму затоа неопходно е да се отвориме кон овие лица и да ги охрабриме да се вклучат во сите сфери на живеење, а спортот е една од можностите кои ние ги нудиме. Инклузијата почнува од најмалите години. „Младите атлети" се тие кои ќе ја водат инклузијата во Македонија " – посака Ана Петровска Национален директор на „Специјална олимпијада Македонија".

Програмата „Млади Атлети"е иновативна спортско - забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава. Оваа програма „Специјална Олимпијада Македонија" веќе две години успешно ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата.

Програмата „Млади атлети" е дел од еднодневната конференција „Спортуваме заедно за среќно детство" се спроведува со поддршка од Европската унија и УНИЦЕФ преку регионалниот проект кој е финансиран од Европската унија и кофинансиран од страна на УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција".

Најново во Другата страна на спортот