ХРВАТСКИТЕ ЅВЕЗДИ ИМА ЗА КОГО ДА НАВИВААТ НА ВИМБЛДОН

Модриќ и Ракитиќ му вратија на Ноле Ѓоковиќ

Во овие моменти српскиот тенисер го игра полуфиналниот дуел против Рафаел Надал, а голема поддршка има од „коцкестите“ 

објавено: 14 јули 2018 - 15:08

Новак Ѓоковиќ во овие моменти го игра полуфиналето од тенискиот гренд-слем на Вилмблдон против Рафаел Надал, а голема поддршка за Србинот стигна од хрватските фудбалски ѕвезди Лука Модриќ и Иван Ракитиќ.

Двајцата најдобри фудбалери на Хрватска велат дека навиваат за Ноле на англискиот гренд-слем. нивните изјави доаѓаат само неколку дена откако Ѓоковиќ јавно кажа дека сака Хрватска да биде светски фудбалски првак. 

„Капата до подот за Ноле Ѓоковиќ. На Вимблдон навивам за него. Би сакал да дојде до финалето и во недела да го освои трофејот. За мене, Ноле е фантастичен и голем спортист, но и голем човек. Имавме убава средба во Мајами, голема личност е. Ако тој слави на Вимблдон, ние ќе славиме со него“, рече Ракитиќ на вчерашната пресконференција. 

На изјавата на Ракитиќ, денеска се додаде и Модриќ. 

„Новак има голема поддршка од нас. Му благодарам на сите убави зборови кои ги кажа за нас во овие неколку дена. Како што тој е наш навивач, така и ние сме негови фанови. му посакуваме голема среќа“, рече Модриќ. 

Најново во Другата страна на спортот