СПОРТ И ПОЛИТИКА, ДАЛИ ТОА ОДИ ЗАЕДНО?

Мохамед Салах – почесен граѓанин на Чеченија!

Лидерот на руската република, Рамзан Кадиров соопшти дека му одал почест на египетскиот фудбалер...

објавено: 24 јуни 2018 - 20:15

Мохамед Салах е во Русија заедно со селекцијата на Египет која после двата одиграни меча од групата „А" на Мундијалот, ги загуби шансите за пласман во следниот круг од натпреварите.

Последниот меч на СП „фараоните" ќе го одиграат во понеделник, против Саудиска Арабија.
А ден пред тоа, Рамзан Кадиров, претседателот на руската република Чеченија, го искористи моментот да го посети тренинг-кампот на Египер, кој се наоѓа во Грозни, и да му укаже една посебна почест на нивниот најдобар фудбалер.

„Во чест на селекцијата на Египет организирав гала-вечера, на која на Мохамед Салах му ја врачив титулата на почесен граѓанин на Чеченија. Тој го заслужи тоа"- порача чеченскиот лидер.

Медиумите пак, во различно расположение ја дочекаа таа вест. Одреден број го осудија Кадиров, пред се, за користење на фудбалската ѕвезда на Египет за политички цели

Најново во Другата страна на спортот