НЕВЕРОЈАТЕН КИКС НА ФРАНЦУСКИОТ ТИМ

Монпеље погрешно си го напишаа сопственото име!

Тимот на Монпеље им се извини на своите навивачи, откако сите дресови од сезоната 2017/18 се пуштени во продажба со погрешно напишано име на тимот на градите

објавено: 9 септември 2017 - 22:15

Според „Ле фигаро“, тимот станал свесен за грешката откако неколку фанови забележале дека на дресот пишува „Montpelier" наместо „Montepellier“ и помислиле дека биле излажани и дека купиле ефтини неофицијални дресови. Сепак, од Монпеље ја признаа грешката.

„Логото е направено во две верзии, од кои на една има грешка. При секоја посета на продавницата на ’Најк’ во Монпеље можете веднаш да добиете замена на логото, а исто така да побарате и враќање на парите. Искрено извинување до сите фанови“, објави клубот.

 

Најново во Другата страна на спортот