КАКВИ СУПЕР-СОИГРАЧИ ИМА ГОЛМАНОТ НА МЛАДОСТ

МУ ГО ИСПОЛНИЈА СОНОТ: За роденден му подарија Голф-двојка (ВИДЕО)

Прекрасен гест направија јуниорите на ФК Младост од Забок кои на несекојдневен начин одлучија да го израдуваат својот чувар на мрежата Тихомир Куљиља.

објавено: 3 април 2018 - 10:30

Прекрасен гест направија јуниорите на ФК Младост од Забок кои на несекојдневен начин одлучија да го израдуваат својот чувар на мрежата Тихомир Куљиља.
Тој го прослави својот 18.роденден а долго време сакаше да вози Голф, па играчите од овој хрватски клуб му ја исполнија желбата.
Ги собраа парите, а купопродажбата ја реализираа двајца од родителите на младите фудбалери на Младост, по што на Тихомир му беше врачен подарокот, и тоа на посебен начин.
Му беше кажано дека екипата ќе игра на голема сабота, а кога излезе од соблекувалната, го дочека тоа пријатно изненадување.

Среќното момче се фати за глава неверувајќи што се случува.

"Едноставно не можам да го опишам тоа чувство. Момците ми гo остварија животниот сон. Бев во шок, и ми требаше време да си дојдам на себеси. Им благодарам за прекрасниот подарок "- рече славеникот.

Изненадувањето го реализира предводникот на младинскиот погон на Младст, Сребачиќ и еден од играчите.

"Тихомир го знам уште кога беше шесто оделение. Иако е своеглав, тој е чесно момче. Ист како и многумина. Имаше свои 'бубачки', но успеав да го усмерам на вистинскиот пат. Тој е вреден, одговорен и чесен. А целта ни е од нашиот клуб да излегуваат такви пример, тој е еден од нив" – рече Сребачиќ. 

Најново во Другата страна на спортот