ДО КАДЕ Е ГРАНИЦАТА НА ИЗДРЖЛИВОСТ

МУ ТЕЧЕШЕ КРВ ОД НОСОТ, но подигна тег од „пола тон“! (ВИДЕО)

Во американската сојузна држава Охајо, поточно во градот Колумбус одржано е спектакуларното натпреварување во дигање тетгови.

објавено: 6 март 2018 - 16:20

 Во американската сојузна држава Охајо, поточно во градот Колумбус одржано е спектакуларното натпреварување во подигнување на тегови.
„Грдосиите" кои се појавија на „Арнолд Спорт фестивалот", уриваа рекорди, пишуваа страници од Гинисовата книга на рекорди, се натпреваруваа во навистина неверојатни дисциплини, како на пример фрлање на диск од 25. килограми, преку „граница" поставена на шест метри.
Сцените од Колумбус им ги приближија натпреварувањето на широките маси, особено кога се прошири снимката за „мртво подигнување на тегови".


Онаа во која на 37. годишниот Михаил Шљиваков, при обидот да подигне тегови тешки 426. килограми, му потече крв од носот. Но тој момент не беше проблем за него, ниту го натера да застане, Онака, облеан во крв, го подигна тегот од скоро „пола тон" и направи вистинско шоу.
Сепак, не беше победник на ова натпреварување, затоа што еден од најаките луѓе на континентот Тор Бјорнсон, популарниот „Планина" од „"Игрите на престолот" го надмина неговиот резултат.
Колосот од Исланд го урна светскито рекорд во „мртво подигнување на тег" откако подигна 472 килограми.

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот