СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА КРИЗА КАЈ ГЕРМАНЕЦОТ

На Борис Бекер ќе му ги запленат и гренд слем трофеите

Почна принудната наплата на долгувањата на тенискиот ас, и довчерашен тренер на Новак Ѓоковиќ

објавено: 6 октомври 2017 - 19:08

Борис Бекер е во големи, пред се, финансиски проблеми. Одамна е познато, но сега целата ситуација отиде многу напред, и е во скоро критична фаза откако на легендарниот германски тенисер, поради големите долгувања почнаа да му запленуваат имотот.

Меѓу работите кои ќе бидат конфискувани се наоѓаат и трофеите кои ги освои во текот на успешната тениска кариера.
Долгувањата на Бекер изнесуваат дури 61. милион евра, што е многу повеќе од она што првобитно беше објавено, односно дека побарувањата се околу 3.5 милиони, пишуваат германските „Штерн" и „Бунте".
Затоа и почнала распродажбата на имотот на Германецот, вклучително и трите трофеи од Вимблдон, два од Австралискиот опен и еден од американскиот.
Ретходно веќе беа „попишани" четири скапоцени часовници во вредност од 50.000 долари.
Фат е дека Борис Бекер доживеа банкрот, затоа што загуби повеќе од 100 милиони евра во лоши инвестиции, како што е една сомнителна работа со нафта во Нигерија.
Инаку, проценките се дека Бекер во својата богата кариера има заработено 53.милиони евра.
Од неодамна има нова работа, затоа што тениската федерација на Германија му ја довери грижата за машката Дејвис куп репрезентација.

 

Најново во Другата страна на спортот