ОТКАКО СЕ РАЗВЕДЕ, НАЈЕФИКАСЕН Е НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ

Најдобриот стрелец од минатото СП, „реализира“ и кај мажена порно актерка (Фото)

Во последно време, Џејмс Родригез реди скандал до скандал за ситуации кои не се поврзани со фудбалот

објавено: 11 јуни 2018 - 14:00

Џејмс Родригез е играчот кој блесна пред четири години на Светското првенство во Бразил, што му донесе трансфер во Реал Мадрид. Колумбискиот репрезентативец беше прв стрелец на Мундијалот во Бразил и стана ѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“. 

Откако го загуби местото во стартниот тим во Реал, Родригез замина во Баерн Минхен каде и сега настапува. Надвор од фудбалскиот терен Родригез пред неколку месеци реши да се разведе од убавата Даниела Оспина со која беше заедно шест години, а имаат и ќерка. 

Фудбалерот реши да се разведе поради аферите кои ги имаше со повеќе старлети кои беа поврзувани со него. Најновиот скандал на Родригез е поврзана со порно актерката Кендра Ласт. Нивниот контакт започнал преку социјалната мрежа Твитер. 

Кендра која од 2012 година е во порно индустријата, е мажена, но тоа воопшто не и претставува проблем да поставува провокативни фотографии на социјалните мрежи. Пред да почне да работи како порно актерка, таа била медицинска сестра и стриптизета. 

Најново во Другата страна на спортот