УШТЕ Е КВАЛИТЕТНО КАКО НЕГО...

НАЈПИЈАНИОТ ТРАНСФЕР ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА: Иниеста оди во Кина и со себе го носи своето вино

Од Каталонија и од Барселона ќе се прости како шампион на Шпанија, не и на лигата на Шампионите. Се чини дека тоа ќе биде и засекогаш во натпреварувањето во кое беше најдобар четири пати.

објавено: 16 април 2018 - 18:35

Од Каталонија и од Барселона ќе се прости како шампион на Шпанија, не и на Лигата на Шампионите. Се чини дека тоа ќе биде и засекогаш во натпреварувањето во кое беше најдобар четири пати.

Медиумите на Пиринеите се согласни со тврдењата дека 33.годишниот Андрес Иниеста ја прифатил понудата и летоска за големи пари ќе замине во Кина.
Не само за многу пари, туку и за нешто друго...

Наводно, една од основните причини поради кои Иниеста го одбра Далечниот Исток е што неговата винарија веќе две години извезува големи количини вино во Кина, или попрецизно, околу два милиони шишиња.
А клубот кој освен тоа што ќе го плати трансферот, и засега се држи во строга тајност, се обврзал во наредните десет годни да произведува стаклена амбажала за винскиот подрум „Бодега Иниеста" од Фуентеалбија.
Секако, станува збор за огромна количина на пари, не само на основ на плати за тригодишниот догоор. Притоа Иниеста во Кина ќе подготвува детски кампови, же има и други осигурени активности.
И секако, сериозно ќе заработи на сето тоа...

 

Најново во Другата страна на спортот