ПОЛА КАЗНА ПОМИНА...

Насри не може да игра фудбал во наредните година дена!

На Французинот му е потврдена суспензијата поради допинг...

објавено: 24 февруари 2018 - 22:30

Иако официјално се очекува тоа да биде објавено на почетокот на следната седмица, шпанската „Марка" објави дека францускиот интернационалец Самир Насри е суспендиран од страна на Дисциплинската комисија на УЕФА на една година и дека токму од тие причини не може да потпише ниту за Лас Палмас, ниту пак за било кој друг тим кој сака да го ангажира оваа зима.

Казната му е преполовена во однос на првобитно изречената откако поднесе жалба до судот во Лозана.
За потсетување, за време на Божиќ во 2016 година, додека настапуваше за Севиља, тој се обиде со неколку третмани во приватна клиника да ги реши здравствените проблеми. Но органите на УЕФА тоа го окарактеризираа како допинг.

Помеѓу другото, во неговото тело биле вбризгувани имунолошки средства, под изговор дека дехидирал за време на настапите за Севиља во Лигата на Шампионите.
Но тоа било отфрлено од УЕФА како неаргументирано.
На почетокот на 2017 година од страна на етичката комисија на УЕФА на Насри му беше изречена двегодишна суспензија. Но потоа, на 31.март, Насри поднесе жалба која е делумно усвоена после сослушувањето во Лозана на 25.април.
Сепак, Арбитражниот суд во Лозана ја информираше европската фудбалска федерација дека казната е преполовена, и дефинитивна.
Самир Насри не може да игра фудбал една година.
Во овој момент францускиот интернационалец е без ангажман откако пред крјаот на 2017 година, ја прекина соработката со турската Анталија.

 

Најново во Другата страна на спортот