СТРАШНИ СЦЕНИ ВО БРАЗИЛ

Натепаниот исклучен, тепачот остана на теренот!? (ВИДЕО)

Напаѓачот на Фламенго, Паоло Гереро сурово го нокаутираше искуснииот стопер на BБаија, Лукас Фонсека, кој од силината на ударот падна долу на земјата, доживеа тешка повреда, а на крајот дури беше и исклучен!

 

објавено: 26 јуни 2017 - 16:30

Неверојатни сцени на фудбалските терени во Бразил... Ништо непознато, особено ако се земе в предвид темпераментот со кој Бразилците влегуваат во скоро секој меч од нивниот шампионат.

Така нешто се случуваше и на дуелот помеѓу Фламенго и Баија. натпревар на кој напаѓачот на Фламенго, Паоло Гереро сурово го нокаутираше искусниот стопер на Баија, Лукас Фонсека, кој од силината на ударот падна долу на земјата, доживеа тешка повреда, а на крајот беше и исклучен!

Судијата на овој натпревар му покажа втор жолт картон на Фонсека, односно црвен, што Фламенго подоцна го искористи и со играч повеќе стигна до триумф од (1-0) по голот на Бери во 74. минута. 

Јавноста во Бразил остана шокирана со ова однесување на гереро, како и со одлуката на главниот судија, кој одлучи да го казни нокаутираниот фудбалер, а насилникот да го остави на теренот. 

Несреќниот Фонсека најави жалба на една ваква одлука, и истакна дека е помалку невозможно чесно да се занимаваш со фудбал во време на вакви насилници каков што според него е Гереро. 

За што всушност станува збор?

 

Најново во Другата страна на спортот