АВТО-ПРОБЛЕМИ ЗА НАЈСКАПОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ЧЕЛЗИ

НЕ Е ЗА СЕКОГО „МЕРЦЕДЕС": Знае ли Бакајоко како се вози на Островот?

објавено: 22 септември 2017 - 10:15

По враќањето од тренинг во Лондон го искршил скапоцениот џип, но за среќа минал без сериозни повреди...
Дали знае Тиму Бакајоко што со себе носи автомобил од „Г" класата на „Мерцедес" поточно Г63 АМГ?

Веројатно дека одговорот е негативен ако се знае дека еден од најскапите играчи на Челзи има тешка сообраќајка во која скоро го уништил ова возило од СУВ сегментот на германскиот авто-гигант.
Според првите извештаи од Англија, играчот на „сините" не претрпел сериозни повреди, што пак не може да се констатира за 150.000 фунти вредниот џип.

Нешто порано, неговиот постар брат Намори изјавил дека е загрижен околу тоа како Тиму вози на патиштата низ Англија, особено што на Островот се вози од лева страна.

„Тиму ми рече дека ретко вози, затоа што му делува сосема лудо затоа што се вози на левта страна"- изјави постариот Бакајоко.

Ова лето помалиот брат се пресели во Лондон по трансферот од Монако вреден 40.милиони фунти.

Најново во Другата страна на спортот