КАТАЛОНЕЦОТ ИМА СТАРИ НАВИКИ И НОВИ ПРОБЛЕМИ

НЕ МОЖЕ ДА ГИ ТРПИ НЕГОВИТЕ ПОРОЦИ – Пике остана без Шакира?

Јавноста е загрижена, се разделуваат Џерар Пике и Шакира!

објавено: 7 октомври 2017 - 14:20

Јавноста е загрижена, се разделуваат Џерар Пике и Шакира!
Иако беа во една сосема нормална брачна заедница, и тоа цели седум години, фудбалерот и пејачката изгледа одлучиле да стават крај на сето тоа.
Шпанските таблоиди пренесуваат дека на Шакира и здодеало „излегувањето" на сопругот надвор од тие „рамки", особено што продолжил со некои свои стари навики – како на пример, коцкањето.

Велат дека фудбалерот на Барселона скоро го обожава коцкањето, особено да игра покер, но и тоа дека важи како „среќник", затоа што ова лето бил учесник на еден турнир во покер од кој си замина „потежок" за 130.000 евра.
Но, ова не е првпат како се зборува за наводните проблеми поради коцкањето.
Пред неколку години „Ел Мундо Депортиво" пренесе дека раководството на Барселона било сериозно загрижено поради љубовта на Пике кој игрите на среќа, и тоа до таа мерка што ангажирале приватни детективи да го следат на секој чекор. Дека цела година го следеле офанзивниот бек на каталонците, со фокус на неговите „коцкарски излети".
Во тоа време, барем според шпанскиот весник, при посетите на казината Пике трошел 4-5.000 евра на вечер.
А своевремено, и самиот Пике признал дека додека бил играч на Манчестер Јунајтед во Англија има „потрошено" најмалку 35.000 евра на овие работи.

Најново во Другата страна на спортот