СОЛАРИ ИМА НЕВЕРОЈАТНО УБАВА СЕСТРА

Не се симнува од насловните страни, иако доживеа невидена трагедија (ФОТО+ВИДЕО)

Лиз Солари доживеа и таков момент, да остане без момчето откако имале љубовен чин...

објавено: 17 ноември 2018 - 12:00

Сантјаго Солари е во центарот на вниманието на фудбалска Европа овие денови. И со право ако се земе в предвид дека Аргентиецот стана прв тренер на Реал Мадрид. Но во неговата татковина, тема број 1 е неговата сестра, Лиз Солари.

Станува збор за една преубава жена на 35 годишна возраст со секси изглед која работи како актерка. А покрај тоа стигнува да биде и модел, и да пишува книги за самопомош.

Затоа е и често на насловните страници кај медиумите во Аргентина.
Не се срами да го покаже и своето тело, а како би било поинаку, ако се знае дека на почетокот на кариерата снимала реклами за долна облека.

Малку е познато дека пред осум години, Лиз Солари доживеала трагедија. Односно дека после еден љубовен чин нејзиното тогашно момче Леонардо Верхаген починал.

„Водевме љубов, а кога завршивме, падна на подот, се згрчи и умре“ - рече Лиз. 

Најново во Другата страна на спортот