МОРБИДНИ СКАНДИРАЊА НА ЕНФИЛД

Несреќи од Манчестер: Навивачите на Јунајтед ја згрозија Англија (ВИДЕО)

Освен што нивниот тим беше прегазен на Енфилд, за комплетно ужасен впечаток на Манчестер Јунајтед и се што е поврзано со него вечерва се погрижија навивачите.

објавено: 10 март 2016 - 23:37

Присутните на стадионот во Ливерпул, но и цела Англија остана згрозена од изборот на слогани и скандирања на гостинските фанови кои отпатуваа во значително голем број. Најмногу од се, поради погрдните песни за несреќата на Хилсбороу пред 27 години во која загинаа 96 навивачи на Ливерпул.

„Сан беше во право, вие сте убијци", скандираа дел од навивачите на Манчестер Јунајтед.

Се разбира, ова не се однесува на сите кои отпатуваа во Ливерпул, но тие кои одлучија на ваков начин да си играат со чувствата на фамилиите на загинатите најостро се осудени од јавноста. Дури и други фанови на Манчестер Јунајтед се обидоа да се оградат од скандирањата и тоа преку социјалните мрежи. Тие не беа задоволни што присутните на Енфилд воопшто не го бодреа својот тим, туку половина од песните ги посветија да го навредат Ливерпул, една четвртина да го навредат Стивен Џерард, а уште една четвртина на трагедијата од Хилсбороу.

Најново во Другата страна на спортот